Радовиш: Не му одело со сексот па си го исекол пенисот и го фрлил во канализација (ВИДЕО)

 

Во штипската болница рано утринава бил донесен 49 – годишниот радовишанец А.Ј. кој со жилет си го пресекол пенисот.

Радовишанецот поради себесакатењето бил во тешка состојба и уролозите се бореле да го сопрат обилното крварење.

Откако сториле се’ што е во нивна моќ радовишанецот на понатамошен третман е препратен во Ургентниот центар во Скопје, јавува ТВ Стар.

Според нивните информации, причина за бизарното самоповредување е моментална психичка состојба. Имено, А.Ј. на сексуален план од себе очекувал многу, но во последно време тој од својот пенис бил тотално разочаран. Не му се допаќал во речиси ништо, а еректалната дисункција само повеќе го депримирала.

Поради ова, синоќешниот срам одлучил да биде последен по што со еден потег одлучил да стави крај на се’. Исечениот пенис го фрлил во канализација по што припаднал и бил донесен во Штип.

Татко му се обидел отсечениот орган да го пронајде за евентуално хируршки да му биде импутиран, но не успеал.

Со бизарноста, овој случај е единствениот кај нас за кој јавноста знае, па оттука и големиот интерес за него.

Еве го прилогот на ТВ Стар:

15.05.2014 - 21:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега