Груевски до Вучиќ: Можете да сметате на Македонија

 

Со особено внимание ги следам вестите за големите поплави предизвикани од временските неприлики кои ја погодија Вашата земја, кои предизвикаа и загуба на човечки животи и големи материјални штети, стои во писмото од премиерот Груевски испратено до премиерот на Србија, Александар Вучиќ. 

vucic5

Во продолжение интегрален текст од писмото на Груевски до Вучиќ

Дозволете ми, во овој тежок период за Вашата земја и за регионот, од мое лично име, и од името на граѓаните на Република Македонија да изразам длабоко сочувство за жртвите од поплавите. На семејствата кои ги загубија своите најмили, Ве молам да им пренесете дека сочувствуваме со нивната болка и дека нашите молитви и мисли се со нив.

Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта и поддршката на Владата на Република Македонија. Подготвени сме во најбрз можен рок, во согласност со нашите можности да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со кои располагаме со цел справување со поплавите и санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода.

 Упатувајќи го уште еднаш моето сочувство, дозволете ми да ја изразам мојата надеж и увереност дека набрзо ќе успеете да ја нормализирате состојбата и да ги надминете последиците од поплавите. 

15.05.2014 - 19:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега