Албанската полиција заплени два тона марихуна

Албанската полиција, во рамките на акцијата „Рестарт“, во приморскиот град Валона претпладнево заплени два тона марихуна.

Дрогата била пакувана во патни торби натоварени во комби возило марка „Мерцедес Бенц Спринтер“ со регистарски таблички од градот Фиер.

Освен возачот на комби возилото, полицијата уапсила уште едно лице, кое со автомобил „Фиат Ккрома“ го придружувало комбито.

Според полицијата, марихуанта потекнува од селото Лазарат, а требало со моторни чамци да биде прошверцувана во  Италија.

15.05.2014 - 16:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега