ВИДЕО: Нова експлозија во САД - десетина загинати
Јачината на експлозијата во фабриката за вештачко ѓубриво во тексашкото гратче Вест е регистрирана како земјотрес со интензитет од 2,1 степени, соопшти Американскиот геофизички институт.
- Интензитетот го мери само земјиното движење, а не ударниот бран на површината, така што тој е секако послаб од самото случување, наведува американскиот Институт.
Според експерти, јачината на потресот била почувствувана дури на 80 километри оддалеченост од местото на инцидентот.
Во експлозијата, која ја погоди азотарата во Вест, стотина километри јужно од Далас, загинале меѓу пет и 15 лица, а повеќе од 160 се повредени. Уништени се и голем број згради и куќи, како и еден дом за стари лица, кој се наоѓал во близина.
Властите побараа од сите три илјади жители на Вест да ги напуштат своите домови, поради отровната пареа, која се шири во воздухот