Поплавите во Србија однесоа уште една жртва- пожарникар го однесе водата додека спасувал човек

43-годишниот пожарникар спасител Д.Л. од Топола, утринава го однесе водената стихија додека спасуваше луѓе на реката Јасеница.

Како што велат од пожарникарската служба се уште се трага по него.

-Спасуваше човек кој беше качен ан дрво за да не го понесе водата. Нашите го спасија тој човек, ама спасителот му се откачи сајлата и го однесе водата. Потрагата по него трае - велат колегите.

Пожарникат е втората жртва која го загуби животот откак синоќа во поплавите во Белград загина едно лице.

Градоначалникот на Белград Синиша Мали ги предупреди граѓаните да се придржуваат кон воредените мерки за да не се случуваат вакви трагедии.

15.05.2014 - 12:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега