Ова е за почит- се откажале од матурските фустани и одела за да им помогнат на болните деца

Матурата  на средношколците од Северна Косовска Митровица  ќе биде поинаква од било која до сега.

Тие наместо елеганти фустани и одела ќе носат маички со натписот: „Без 5 минутен гламур нема да пропадне матурата“.  Парите кои ќе ги соберат се наменети за хуманитарни цели, за болни деца, пренесува проталот КоССев.инфо.

Но сепак сите матуранти не се согласиле на оваа идеја па затоа само два до три класа ќе учествуваат во оваа акција.

-Ние сме 60 матуранти и сите ние имаме различни ставови и размислувања. Затоа разбирливо е дека не можеме подеднакво да се однесуваме и одлучуваме. Сепак, многу сум горда на својата генерација која одлучи да има поинаква матура. Планот е да се откажеме од матурските фустани и одела, со цел парите кои би ги потрошиле за купување на скапа облека за еден ден, да ги донираме и така да помогнеме на некој на кому таа помош му е неопходна и потребна, изјавила за порталот една од матурантките.

Тие едногласно се изјасниле дека не сакаат никој од матурантите да се чувствува издвоен, затоа што оваа нивна акција нема за цел да биде медиумски покриена, туку тоа енивна приватна одлука за една хуманитарна акција.

Хуманите матуранти се уште нер знаат кому ќе ги доделат парите од акцијата, но знаат за два случаи на болни деца за чие лекување е финасиска помош.

-Денес сме ние, а утре ќе биде некој друг. Денес ние ќе покренеме акција, а утре некој друг ќе ни де приклучи или ќе покрене некоја друга хуманитарна акција, изјавиле матурантите. 

15.05.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега