Вонредна состојба во Србија- евакуирани над 500 лица

 

Вонредна состојба е прогласена во 16 општини во Србија, а евакуирани се над 500 лица. Штабот за вонредни ситуации на Белград одржува седница утрово.

Белградскиот градоначалник синоќа изјави дека во Умчари се удавило едно лице, и тоа е прва жртва од поплавите во Белград. По седницата на Градскиот штаб за вонредни ситуации апелираше до граѓаните да ги почитуваат советите на надлежните органи.

– Во Умчари имаме и прва жртва. Се удави човек кој не почитувал совети од надлежни органи кои барале од него да се евакуира од куќата. Наша примарна цел е да избегнеме такви случаи, изјави градоначалникот Синиша Мали.

Само на територијата на Белград веќе наврнаа 55 литри вода по квадратен метар, што е колку и месечен просек на врнежи, а евакуирани се најмалку 50 лица. Голем број возила на градскиот превоз на одделни линии од утрово во Белград сообраќаат на изменети траси заради дождот и големата колична вода на улиците и шините, изјави за Танјуг дежурен диспечер во Градското сообраќајно претпријатие Белград.

Градскиот штаб за вонредни ситуации донесе синоќа одлука основните и средни училишта во Белград да не работат денеска и утре, но затоа ќе работат градинките, јавуваат белградски медиуми.

Најкритична е ситуацијата во Колубарскиот и Мачванскиот округ од каде се евакуирани 60 луѓе. Исклучително драматична е ситуацијата во Вањево каде се излеа реката Колубара и создаде големи проблеми за жителите на градот. Реката Колубара утрово проби заштитни насипи на одделни места поради што е наредена евакуација на граѓани во делови од градот.

Железница на Србија од синоќа запре железнички сообраќај на пругата Белград-Бар откако е оштетена пругата на делницата Словац-Дивци. Дел од Ибарска магистрала, меѓу Чачак и Горњи Милановац е поплавен и сообраќај не се одвива.

15.05.2014 - 09:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега