На Филозофски конференција за „Реформите во воспитно-образовниот систем“

 

Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија, се тема на научната конференција што ќе се одржи денеска на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24-ти Мај.

Најавени се пленарни излагања на професори од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет  на повеќе теми, за реформите во воспитно-образовниот систем, ефективното образование во раното детство, професионалниот идентит на одделенските наставници низ призмата на реформите во основното и високото образование  и за образовната понуда на високото образование во Република Македонија - од квантитет кон квалитет.

15.05.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега