Иванов денеска во Брисел на средби со Ромпуј и Филе

 

Старо-новиот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов, од денеска престојува во работна посета на Брисел, каде треба да се оствари средби со првиот човек на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Ова е прва дипломатска посета на Иванов по неговата инаугурација за шеф на државата, по реизборот на 27 април.   

Посетата на Иванов на седиштето на ЕУ на почетокот на вториот мандат, според дипломати во Брисел, сигнализира дека Република Македонија останува доследна на европскиот курс и агенда, и исполнувањето на стратешките цели за европската интеграција на земјата.

Брисел беше прва дестинација на претседателот Иванов и по инаугурацијата за шеф на државата во 2009 година.

15.05.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега