Студентка скокна низ прозор држејќи црн конец во раката!

 

Се облекуваше во црно. Приметивме дека чудно се однесува. Се плашевме дека тој црн конец кој го носеше во раката означуваше припадност на некоја секта. 

Ова го зборуваа колегите на дваесет и петгодишната Ј.Р. која во понеделникот се фрлила од прозорот од зградата на Филолошкиот факултет во Белград. Полицијата утврдила дека девојката се качила на стол, го отворила прозорот и скокнала од петти спрат. Во нејзината рака е пронајден црн конец, што нејзините колеги од факултетот го поврзуваат со разговорите со неа неколку дена пред смртта. Колегите сметаат дека Ј.Р. по нејзиното однесување и стории, може била членка на сектата „Црна ружа“, најозлогласената на Балканот. 

Зборувала за неправдите и ја мачеле што некои работи не може да ги исправи. Се однесувала чудно. Споменувала некакви секти. Но за жал никој не ја сватил сериозно“, зборуваше еден нејзин колега. Комшиите пак имале само убави и пофални зборови за девојката. 

 

 Неверојатно образована, културна и фина девојка, како и нејзината сестра. Приметивме дека во последно време се облекуваше во црно“, вели нејзина комшика. 

Членовите на „Црна ружа“ животот си го одзимаат по принцип на „фрлање коцки“, а познати се по тоа што земаат исклучително високоинтелегентни деца. Трагично настраданата девојка учела неохеленистика, говорела неколку јазика, свирела клавир, а била успешен студент на грчки јазик и книжевност.

 

 

 

14.05.2014 - 20:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега