Министерка со службено возило ја носи ќерка и во школо
Кори Удовичќи, потпретседателката на Владата во министерството за државна управа и локална самоуправа, го користи службениот автомобил кој го плаќаат граѓаните на Србија, за извршување на приватни обврски. Удовичќи изгледа не сакала нејзината ќерка да се малтретира по градскиот превоз, ниту да и дава пари за возење со такси, туку таа ја префрлила до школото со службено возило.
Удовички признава дека признава дека со службеното возило ја пренесувала ќерка и до посакуваната дестинација.
„Тоа не е дозволено и нокогаш не би го користела службениот автомобил за приватни работи. Ја пренесов ќерка ми без да свртам од службениот пат. Ќе се распрашам дали со тоа го прекршив прописот. Верувам дека не сум. Тој ден одев во мојата сега веќе поранешна канцеларија на улицата Таковско, затоа што немав кабинет. А нејзината школа беше низ пат“, се оправда Удовичќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа