Еве како Кончита им признала на родителите дека сака мажи
Кончита Вурст, победникот на овогодинешниот Евросонг, си ја отвори душата и призна како им кажал на своите родитела дека сака мажи.
- Не можев повеќе да кријам, не можев да издржам. Кога наполнив 18 години им кажав на моите родители дека сакам мажи. Ги претрпев сите осуди, имам челични живци, вели Кончита.
Австриецот кој денеска пее во женска облека и има брада, вечи дека потекнува од село каде се знае се за секого. И покрај тоа што на почетокот им било чудно, родителите на Кончита сепак ја прифатиле каква што е. Вели дека до пред три години изгледал како обично момче од соседството.
Кончита додава дека обожава шминка, женски штикли и ташни и дека ова е нејзин стил и нема да го промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа