Дневник открива зошто се прегласува во Центар
Набљудувачите на СДСМ на избирачките места во општина Центар се однесувале како полицјаци, пишува Дневник. Како што објавува весникот повикувајќи се на официјални документи од Упавниот суд како и на записници од избирачките комисии, членовите на СДСМ наместо да го набљудваат текот на гласањето, тие на глас ги читале имињата на граѓаните кои доаѓале на гласање и по телефон и ги соопштувале на централата. Им ги земале и прегледуале личните документи и не им дозволувале да гласаат бидејќи според нивната евиденција ги немало во избирачкиот список, пишува Дневник
„Сведочењето за гласачкото место во ОУ „Kоле Неделковски“ е потврдено и со пресуда на Управниот суд за гласачкото место 2861. Судот направил увид во целокупниот избирачки материјал, па дури ги проверувал и дневниците што ги водат членовите на ИО за тоа како течело гласањето целиот ден. Според судиите, случката била внесена и во записник на општинската изборна комисија. Kако што пишува во пресудата, ИО не го спровел законски изборниот процес бидејќи не го спречил партискиот посматрач да ги легитимира граѓаните.
„На ова избирачко место претставникот на СДСМ, Петре Арсовски, ги легитимирал гласачите за да ги наруши редот и мирот на избирачкото место велејќи им дека не можат да гласаат и дека ги нема во изводот на избирачкиот список за тоа избирачко место“, пишува во пресудата.“ - овјавува Дневник
Слична ситуација е опишана и во избирачкото место 2799, во ОУ „Kочо Рацин“ на улицата Водњанска. „Во конкретниот случај, а видно од приложените и прибавени списи, кои се составен дел на целокупниот избирачки материјал кој Судот го имаше - конкретно и одделно евидентирани во споменатиот Дневник за евиденција на настани по однос на нарушувањето на мирот и редот на самото гласачко место, агитирањето и легитимирањето на лицата што требало да гласаат од страна на овластени претставници на политичките партии, спротивно на член 105 став 5 од Изборниот законик, се совпаѓаат со забелешките изнесени и во приговорот и во тужбата“, пишува пак во пресудата за ова место.
Како што пишува весникот, набљудувачите на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот го толерирале ова однесување но потоа побарале од избирачките одбори да превземат мерки. Откако тие не го строиле тоа,патиските набљудувачи на ВМРО-ДПМНЕ почнале да пишуваат приговори. Според весникот, дел од набљудувачите на СДСМ имале и конфликт со граѓаните, кои барале од нив да не им го нарушуваат правото на тајно гласање.
Експерти за Дневник велат дека читањето гласно на имињата на граѓаните кои доаѓаат да гласаат е спротивно на законот.
Во недела во Центар ќе се прегласува на 29 избирачки места каде има вкупно 23.000 гласачи