Пронајден бродот на Колумбо?

 

Поминаа повеќе од 500 години откако бродот „Санта Марија" командниот брод на Кристофер Колумбо во неговата експедиција, се разбила од карипските карпи, археолозите сметаат дека ги пронашле нејзините останки на дното од морето северно од брегот на Хаити.

„Сите географски, подводни топографски и археолошки докази уверливо укажуваат дека тоа се останки од командниот брод на Колумбо", изјави за британскиот дневен весник The Independent, водачот на археолошката експедиција Бари Клифорд, еден од најпознатите американски подводни археолози.

„Ние веќе ги известивме властите на Хаити за откритието. Се надеваме на помош и ќе се обидеме да ги подигнеме од дното најдобро зачуваните фрагменти од бродот, и ќе ги предадеме на властите", додава Клифорд.

Според него нивното изложување „ќе привлече на островот голем број туристи".

Доколку се потврдат неговите уверувања, тоа ќе претставува едно од најважните подводни археолошки откритија во историјата.

Бродот „Санта Марија" бил изграден во втората половина од XV век во Баскија. Кристофер Колумбо ја изнајмил заедно со уште два брод „Пинта" и „Ниња" и со нив во август 1942 година испловил од шпанскиот атлантски брег во потрага по западен поморски пат до Азија. Два месеца подоцна, на 14-ти октомври допловил до Бахамите и го откри тогаш Новиот сет, а датумот се смета за официјален датум на откривањето на Америка.

„Санта Марија", најголемиот и команден брод од експедицијата на Колумбо, на католички Божик, ноќта на 25-ти декември 1492 година во бура удрила во гребен северно од брегот на Хаити и екипажот морал да го напушти. Во едно од блиските села Колумбо и неговиот екипаж изградиле помало утврдување од коешто една седмица подоцна со двата преостанати брода се упатиле назад кон Шпанија за ова откритие, за кое тогаш биле убедени дека е западниот пат до Индија, ги известат своите покровители, Шпанскиот крал Фердинанд и кралицата Изабела. За локацијата на бродоломот на „Санта Марија" од тогаш досега не се знаеше ништо.

Идентификацијата на „Санта Марија" од страна на Клифорд го овозможија неколкуте претходни откритија. Во 2003 година група други археолози ја пронајдоа локацијата за којашто се смета дека е утврдувањето на Колумбо, што на Клифорд му овозможи, користејќи се со информациите од дневникот на славниот морепловец, поблиску да го одреди можното место на бродоломот. Подводниот археолог, исто така, темелно ја проучувал и подводната топографија и направил детална проверка на околу 400 предмети откриени на дното од северниот брег на Хаити.

Истражувачите анализирале и фотографии од оружјето откриено на бродот и дошле до заклучокот дека тие се совпаѓаат со описот на пушките со коишто бил вооружен екипажот на „Санта Марија"

14.05.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега