Среќа ја спаси бремената жена, единствената патничка во автобусот која не е повредена во сообраќајката на патот Велес - Штип
Струмичанката Јасмина е најсреќната патничка од сите во автобусот кој вчера настрада во сообраќајната несреќа на железничката пруга Велес - Штип, кај селото Сарамзалино, пренесуава Дума.мк.
28- годишната жена во шести месец на бременост не е повредена, а проблеми нема ниту со нејзиното неродено бебе. Јасмина се чувствува добро, стабилизирана е по стресот и сепак ќе остане на гинеколошкото одделение во болницата за да се следи нејзината здравствена состојба во наредните дваесет и четири часа.
- Јасмина не е витално загрозена, а не е загрозена ниту нејзината бременост. На ултразвучниот апарат снимките покажаа дека бебето е живо и нема знаци за одлепување на постелката. Се надевам дека таквата состојба ке продолжи и дека веќе утре бремената жена ќе ја пуштиме на домашно лекување,рече гинекологот д-р Атанас Василев. Тој е директор на велешката болница во која беа згрижени и им беше дадена неопходна лекарска помош на шеснаесет патници од струмичкиот автобус, настрадани во сообраќајната несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа