Нови штрајкови ја тресат Грција

Вработените во државните болници во Грција денеска ќе почнат 24-часовен штрајк во знак на протест поради системот за тестирање на државните службеници.

Заради штрајкот болниците ќе работат само со дежурни тимови и ќе укажуваат помош само на итни случаи.

Синдикатот на вработените во државните болници се изјасни против намалувањето на финансиите за државните здравствени организации и против приватизацијата на дел од болничките служби

14.05.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа