ВИДЕО: Се роди бебе со две лица

 

Австралијанката која пред време знаеше дека носи бебе со две лица и беше предупредена од лекарите да го абортира плодот, успешно се породи и на свет донесе сијамски близначки.

Станува збор за едно бебе со две симетрични лица споени со еден мозок, а лекарите се фрапирани од нивниот напредок.

- Бебето односно бебињата наречени Фејт и Хоуп (Вера и Надеж) добро дишат и се хранат – откако во четвртокот дојдоа на свет во болницата во Сиднеј.

Родителите изјавија дека засега не знаат колку бебињата ќе останат во болница и дека тие сакаат да си ги однесат дома и таму да ги раснат меѓу другите свои деца.

Оваа состојба на бебе со две лица е толку ретка што во светот се забележани досега само 35 случаи и никој не преживеал.

Лекарите будно ја следат нивната состојба и даваат препораки и прогнози на дневна база.

Се следи функцијата на белите дробови, рвините садови и се даваат препораки за процесот на исхрана.

Девојчињата се родени со ретка состојба на дипросопус, што значи дека тие имаат исто тело и витални органи,, но имаат две различни лица и мозоци кои се поврзани со еден рбетен систем.

Мајката се породи пред време, во 32 недела од бременоста со царски рез.

Лекарите уште кога забележале дека плодот има аномалија ги советувале родителтие да ја прекинат бременоста но тие не се сложиле и покрај тоа што веќе имаат 7 деца на различна возраст.

Новородените се во одлична состојба и семејството со нетрпение чека виза од лекарите и да ги однесат дома каде ќе растат во мирна семејна атмосфера и со сознанието дека понатаму бебињата ќе бидат предмет на задевања и навреди, но семејството е помирено со тоа.

 

14.05.2014 - 00:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега