Пратениците на СДСМ ги враќаат мандатите а им тече плата од 90.000 денари

 

Пратениците на СДСМ најавија дека ќе ги враќаат мандатите но до овој момент никој од нив не доставил оставка до Собранието, пишува Дневник. Од опозициската партија за весникот изјавиле дека по „насилната верификација“ ќе размислат што понатаму.
 „Се разгледуваат сите правни механизми за постапување по насилната верификација на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата во Собранието од страна на власта“ - велат од СДСМ за Дневник.

Додека опозициските пратеници „разгледуваат“ граѓаните им плаќаат по околу 3.000 денари дневно, ако се има предвид дека нето платата на пратениците, како што пишува Дневник изнесува околу 90.000 денари. Бидејќи никој не поднел оставка, Собранието согласно законот ги става во редовен работен однос и ќе мора да им исплати плати.

По серијата бојкоти на опозицијата Македонија направи измени во законот за пратеници, па доколку претставниците на граѓаните се решат да го бојкотираат Собранието, тоа ќе им исплаќа по 30% од платата, односно „само“ 30.000 денари месечно

13.05.2014 - 23:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега