Пресврт во случајот за смртта на Пол Вокер
Пресврт во случајот на Пол Вокер. По шест месеци откако се случи трагедијата во која загинаа Пол Вокер и Роџер Родас, сопругата на Родас, Кристин, покрена судска тужба против германскиот производител на автомобили Порше , тврдејќи дека тие се виновни за смртта на нејзиниот сопруг, пишува ТМЗ.
Кристин Родас тврди дека сообраќајката ја предизвикал дефект на возилото „Порше Карера ГТ“. Во тужбата наведува дека нејзиниот сопруг се обидел да го задржи автомобилот на патот, но не успеал поради недостаток на дел од автомобилот. Иако вештаците утврдија дека Родас во моментот на несреќата возел 150 километри на час, неговата вдовица вели дека не возел пребрзо.
Исто така вдовицата додава дека поради техничкиот недостаток на автомобилот дошло до експлозија поради која нејзиниот сопруг и Вокер изгореле во автомобилот. Во спортските автомобили постои дел кој спречува горивото да се запали доколку дојде до судир, а „Порше Карера ГТ“ тоа го нема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа