ВИДЕО: Како се проценува човечкиот живот?
Ова видео за само 24 часа собра над милион прегледи на Јутјуб, а поуката која ја носи навистина ќе ве натера да размислите како се проценува човечкиот живот.
Едно момче облечено во обична, секојдневна облека, оди по пат и наеднаш паѓа на земја, молејќи за помош.
Околу него поминаа стотици луѓе, но ниту еден не застана да му помогне.
Истото момче, облечено во елегантен костим, повторно паѓа на земја.
Овојпат сите дотрчуваат да му помогнат.
Размислете, дали човечкиот живот може да се процени според облеката? Дали животот на оние посиромашните вреди помалку?
13.05.2014 - 20:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа