Јоксимовиќ: Го обожувам Скопје - воодушевен сум од новиот лик
Жељко Јоксимовиќ во интервју за Курир ексклузивно говори за претстојниот спектакуларен концерт, за соработката со Даниел Кајмакоски и за Скопје, градот кој го обожава.
-Секогаш кога некој ќе отиде на настап вели „Вие сте најдобри“. Јас не го велам тоа, туку едноставно обожавам да доаѓам тука, а и на многу други места. Тоа публиката го гледа. Првпат го гледам стадионот, прекрасен е дури и празен. Не дај Боже да биде празен, но ќе свириме и да биде така. Убаво ми е. А кога ми е убаво, би си легнал тука. А како и сите луѓе, знам да бидам и нервозен и нерасположен. Но сакам да дојдам тука и да се дружам, да слушнам некоја македонска песна, да зборувам македонски, рече Јоксимовиќ за Курир.
Тој раскажа и за соработката со Даниел Кајмакоски и најновата песна која ја снимиле заедно. Вели дека сигурно Даниел ќе има одлична кариера.
-Мислам дека ќе има одлична кариера. Кон него знаев да бидам и малку строг. Ние бевме таму и да ги насочиме луѓето. Тој се разболи кога имавме концерт во Нови Сад и рече дека не можел да пее. Реков дека мораше да дојде. Ме критикуваа во програма и ме прашаа дали јас ќе дојдев. Реков дека почувствувам дека така треба. Сега случајно снимивме една песна која ќе биде супер. Тоа е една добра прогресија. Него некој пријател го пријавил да дојде да се натпреварува, ние го видовме дека е сериозен. Откако заврши шоуто, а луѓето почнуваат да забораваат кој учествувал на него, а тоа често се случува, постоиме ние. Не сме само ментори кои после шоуто сме тука да помогнеме во каква било смисла, во уметничка и човечка смисла, истакна Жељко за Курир.
Неговиот концерт ќе се одржи на 21-ви јуни на градскиот стадион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа