Обид за атентат врз „народниот гувернер“

 

Самопрогласениот „народен гувернер“ на Луганската Област, Валериј Болото денеска е полесно ранет од огнено оружје при обид за атентат врз него, соопшти прес-центарот на т.н. „Луганска Народна Република“.

 Гувернерот Билотo е хоспитализиран и е надвор од животна опасност.

- При нападот извршен околу 11 часот по локално време (10 часот по средноевропско време), гувернерот се здоби со лесни повреди и е жив и здрав, соопшти портпаролот на проруските сепаратисти во Луганск, Василиј Никитин. 

13.05.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега