Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Дел од корисниците од улиците „Загребска“ и „Алберт Швајцер“ утре ќе бидат без струја од 8.30 до 12 часот.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Крсто Баиќ“, „Аминта Трети“, „Кукушка“, „Благој Страчков“, „Димитрие Туцовиќ“ и „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“. 

Жителите од скопското село Бразда ќе бидат без струја од 8.30 до 15.30 часот, а од 9 до 10 часот дел од корисниците од улицата „Славејко Арсов“.

Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр.86 влез 3 и 4 во општина Аеродром, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Грчец. Од 10 до 12.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тиквешка“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

13.05.2014 - 15:41
Фото: 
Плусинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега