Брадестата жена ќе се мажи
Победничката на овогодишниот Евроснг, Кончита Вурст планира да се мажи.
Таа на својот Фејсбук профил објави фотографија на која позира со избраникот, а под неа напиша „Мојот човек и јас“.
Кончита не крие дека посакува да се омажи за него, па под друга фотографија напишала:
- Злато мое! Секој ден те сакам се повеќе, но не затоа што личиш на мене или на Хју Џекмен. Иако се надевам дека наскоро ќе го носам твоето презиме, знам дека нашето длабоко пријателство расте од ден на ден. Те сака твојата сопруга.
Кое е момчето од фотографијата, пејачката се уште не сака да го открие на јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа