Збогум Фијат Цаноски

Лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски во писмено соопштение ја информираше јавноста дека се повлекува од политиката. НЕговот соопштение ви го пренесуваме во целост.

Јас , Фијат Цаноски сакам да ја информирам домашната и севкупната јавност дека се повлекувам од функцијата Претседател на Партијата за Европска Иднина  а воедно и од политичката сцена во Република Македонија.

Одлуката ја носам како  морален  чин  а е израз на лошите изборни резултати што Партијата за Европска Иднина ги постигна на последните парламентарни избори.

Сакам да им се заблагодарам на сите досегашни подржувачи на политиките кои како лидер на Партијата за Европска Иднина ги имам водено во изминатиот период  и да им посакам многу успех во нивниот  приватен и деловен живот.

 

До свикување на наредниот конгрес  , со Партијата за Европска Иднина ќе раководат партиските тела и органи согласно статутот на Партијата .

13.05.2014 - 14:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега