Шокантно: На новороденче му ја залепиле устата бидејќи плачело
Новореднчето Јоханес Нова во една болница во филипинскиот град Цеба, си добило селотејп на уста. Кога тоа го видел неговиот татко Рајан, бил шокиран од тоа што го видел па фотографијата ја објавил на својот Фејсбук профил.
Тој тврди дека овој случај го видела неговата сопруга Јасмин.
- "Ова не е воопшто професионално, ниту пак хумано однесување. сопругата моја веднаш ја праша медицинската сестра зошто нејзиното дете има селотејп на устата. Сестрата одговори дека детето е прегласно", напишал Рајан на Фејсбук.
Кога мајката го замолила персоналот да го тргне селојтепот од устата тие и одговориле тоа сама да го направи. По долго инсистирање од мајката, сестрата му го извадила толку силно што детето почнало многу силно да плаче. Младите родители веднаш ова однесување го пријавиле во полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа