Не суди го животот според една тешка сезона - поучна приказна

 

Поучна приказна која вреди да ја прочитате. Еден татко побарал од своите синови да отидат до една круша која била далку од градот во кој живееле.

Најстариот син отишол во зима, вториот во пролет, третиот во лето, а најмалиот во есен. Кога сите се вратиле од патувањето таткото ги седнал четворицата и ги прашал како им изгледало дрвото.

Првиот син одговорил дека дрвото било суво, искривено и празно. Вториот рекол: „Не, беше прекриено со пупки и ветуваше многу“. Третиот се побунил: „Не, беше расцветано и мирисаше и изгледаше преубаво, тоа беше најубавото нешто што сум го видел“. Најмалиот син пак рекол: „Не, беше полно со зрели плодови. Изгледаше дека е полно со живот“.

Потоа таткото им објаснил дека сите биле во право, бидејќи сите биле кај дрвото во различни годишни времиња. Поради тоа додал дека не може да судиме нешто или некого, само поради една сезона од неговиот живот.

Убавината, радоста, љубовта во животот можат да се измерат само на крајот, кога ќе завршат сите годишни времиња. Ако се откажеш поради зимата ќе го испуштиш ветувањето на пролетта, убавината на летото и исполнувањето на есента. Не суди го животот според една тешка сезона. Не дозволувај болката од една сезона да ја уништи радоста на останатите.

 

13.05.2014 - 13:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега