ДУИ со нов услов: Сменете го името за да го признаеме Иванов

Ако го смените името ќе го признаеме Иванов. Само во таква ситуација постои можност ДУИ да го признар легитимитетот на Претседателот Иванов, велат партиски извори од Мала Речица за Дневник.
„Партијата на Али Ахмети ќе го признае легитимитетот на претседателот Ѓорге Иванов само ако се постигне широко единство за компромис за името и влез на Македонија во НАТО на самитот во септември. Само во таков случај е можна промена на ставот на ДУИ за претседателот, брифира за „Дневник“ висок партиски функционер, откако вчера Иванов по инаугурацијата го почна вториот мандат на функцијата претседател на државата“ - пишува Дневник.

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ за весникот вели дека тоа што ДУИ не го признава Иванов ќе мора да има влијание во распределбата на ресорите.

“Ќе има некои рокади на ресорите. Со Министерството за одбрана не може да раководи партија која не го признава претседателот, а според надлежностите двете институции се упатени на соработка. Поради ова, ДУИ не треба да се надева ни на Министерството за надворешни работи, а донекаде и на ресорот евроинтеграции. Нивен проблем е непризнавањето на легитимитетот - вели функционерот и додава дека во спротивно ДУИ ќе се доведе во ситуација ВМРО-ДПМНЕ да им посредува за Иванов, што е апсурд“ - вели функционерот на најголемата владејчката партија за Дневник

13.05.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега