Проверете што значат вашите секси сонови

 

На секој му се случува да сонува секси сон, а притоа да нема причина за тоа. Ако неодамна сте сонувале нешто што не можете да си го објасните, експертите имаат одговор на тоа:

Мистериозен љубовник

Експертот за соништа Lauri Quinn Loewenberg вели дека најчесто влажните сонови во себе содржат мистериозен човек без лице, но тој не е некој мистериозен љубовник кој ќе го запознаеш и ќе сфатиш дека ти е сродна душа. Овој човек го симболизира фактот дека сама мораш малку да се претвориш во машко, односно да превземеш малку машки карактеристики, како што се наметливост и отворено велејќи го тоа што го мислиш.

Оргазам

Сонот во кој доживуваш огразам може да биде толку силен што можеш да го почуствуваш и во реалноста, а ова може да претставува дека сакаш возбудлив завршеток на нешто. Покрај тоа може да значи дека постојат некои сексуални желби или некоја тензија од која сакате да се решите.

Жешка афера

Lowenberg вели дека сонот со маж, со кој не сте во врска е знак дека во реалноста се случува нешто поради што не му обрнуваш доволно внимание на својот дечко. Вината која ја чувствуваш, бидејќи не му обрнуваш доволно внимание во соновите се покажува  како секс со друг.

Секс со старото момче

Ова може да биде многу забавно, но и збунувачки. Сте мислеле дека врската е готова и дека веќе немаш чувства, но се чини дека сонот не те пушта така лесно да заборавиш на него. Најчестата причина зошто го сонуваме поранешното момче е желбата за повторно возбудување која може ја нема во новата врска.

Секс со колега

Можеби не ти се допаѓа, но по сонот во кој иамш секс со колегата, вие дефинитивно ќе почнете да мислите на него. Овој сон може да значи дека сакаш работно да се зближиш со него, или дека може да ти помогне да напредуваш во работата па потсвесно сакаш да го освоиш.

12.05.2014 - 20:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега