Беше страшно, велеа дека ќе не убијат- потресна исповед на девојчето кое успеа да избега од киднаперите

 

19- годишната ученичка Сара Лаван, повеќе не сака да оди во училиште во Чибок бидејќи премногу се плаши.

"Ме боли тоа што моите соученички не собраа храброст да побегнат со мене", раскажала Сара Лаван.

"Беше премногу страшно за да се опише со зборови", изјавила за Associated Press, а пренесува NBC News, една од нигериските средношколки која успеала да побегне од своите киднапери, исламските милитанти од Боко Харам.

Сара признала дека ќе мора да оди на училиште бидејќи сака да студира правни науки. Раскажала дека причината што девојките не сакале да побегнат се смртните закани од киднаперите. Според полициските податоци, побегнале 53 девојки.

"Ме боли тоа што моите соученички не собраа храброст да побегнат со мене. Кога минувам крај нивните родители денес, ги гледам како плачат", изјавила Лаван.

Вашингтон минатата година распишал награда од 7 милиони долари за главниот лидер на Боко Харам, Абубакар Шекау.

Лаван раскажала дека девојките кои побегнале по неа не слушнале за планови за продавање или мажење на останатите девојки.

12.05.2014 - 17:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега