Колку Македонци минатата година користеле такси-превоз?

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, вкупно 32 милиони и 906 илјади патници минатата година користеле такси превоз.

Од нив, 30 милиони 508 илјади патници користеле такси превоз во градовите, додека 2 милиони 398 илјади патници се возеле во такси во меѓуградскиот сообраќај.  Такси превозот го реализирале 2.531 возило кое поминало вкупно 72 милиони 749 илјади километри, од кои 64 милиони 738 илјади во градскиот превоз и 8 милиони 011 илјади километри во меѓуградскиот превоз. 

12.05.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега