Земан: Потребно е претседателските избори во Украина да не бидат бојкотирани

 

Според чешкиот претседател Милош Земан потребно е претседателските избори во Украина да не бидат бојкотирани, а новоизбраниот претседател да почне преговори со претставниците на рускојазичното население во источните региони на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

- Потребно е на 25 мај да се оддржат претседателските избори со големо учество на сите граѓани на Украина, бидејќи бојкотот на тие избори може да значи победа на националистичките или фашистичките сили, се вели во изјавата на Земан која ја пренесе портпаролот Јиржи Овчачек.

Според Земан, за референдумот кој за време на викендот се одржа во источниот дел на Украина, а на кој мнозинството се изјасни за самостојност, не може да се каже дека има легитимитет.

12.05.2014 - 13:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега