Зголемена границата за пензинонирање на 67 години во Сингапур

 

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг на денешната средба со синдикалните лидери соопшти дека во оваа пет и пол милионската држава наскоро ќе се усвои законот според кој вработените, наместо со сегашните 64, во пензија ќе замнуваат на 67 годишна возраст. Премиерот Ли ова го објасни со нараснатите потреби за вработеност и немпожноста, поради рестриктивните закони, во државата да се вработат луѓе од странство. Природниот прираст на населението во Сингапур е значително помал од порастот на потребите за нови вработувања.

Во сингапурската економија, една од најдобро стоечките во Азија, сега работат околу 3,5 милиони луѓе, од кои 30 посто се странци. Вработените без сингапурско државјанство најчесто се во поморскиот, сообраќајниот и комуналниот сектор, а само мал број раководи со локалните, дури и меѓународните компании. Од странските работници најголем број доаѓаат од Индија и од Филипините.

Над 70 посто од сингапурците ја поддржуваат политиката на владата за лимитирање на бројот на странски работници. Ова прашање во последнава деценија е една од централните теми во предизборните кампањи, но секогаш победува опцијата за ограничување на пристапот на странците до работни места.

Премиерот Ли најави и низа субвенции и даночни олеснувања за фирмите кои ќе овозможат нивните работници да останат на работа до навршената 67 година. Од друга страна, казните за евентуално илегално вработување на странците се толку строги што реко кој, поточно речиси никој од работодавачите не се усудува да го крши законот

12.05.2014 - 13:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега