Драчевчанец се обидел да поткупи полицаец со 300 денари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.Д. бидејќи се обидел да поткупи полицаец. Настанот се случил додека полициски службеник извршувал службени дејствија во населбата Драчево, на раскрсницата на улиците „Китка“ и „Иван Хаџиниколов“, каде забележал моторцикл без регистерска табличка. По извршената контрола, полицаецот увидел дека моторциклот бил со истечена регистрација, а лицето кое го управувало не поседувало возачка дозвола.

Полицискиот службеник  веднаш изготвил два Записника за сторени сообраќајни прекршоци, а во тој момент пријавениот извадил три банкноти во апоени од по 100 денари и му ги ставил во џебот од ветровката на полицискиот службеник за да ги искине записниците, по што бил приведен.

12.05.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега