ФОТО: Џулија Робертс не може да ја поднесе фотката од нејзината матурска вечер
Холивудската актерка Џулија Роберт сака да ја заборави фотографијата од матурската вечер.
Денес е една од најубавите жени во Холивуд, најмногу позната по нејзинината прекрасна широка насмевка. Таа иста насмевка лесно може да се препознае и на фотографиите од минатото.
Џулија гостувала во шоуто на Џими Кимел, но не очекуваше дека ќе ја изненадат со нејзина фотографија од минатото. На убавата актерка не и беше пријатно кога ја виде фотографијата, но сепак ја прифати шегата.
- „Мојата коса изгледа многу поголема отколку што е“, изјави Џулија додека Џими додаде „Тоа беа 80-те“.
12.05.2014 - 11:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа