Стевчо го „отвори“ Заев: Додека „отпорот“ на СДСМ мрзнеше по улици - ти го молеше Груевски

Стевчо Јакимовски го разобличи Заев. Лиредот на ГРОМ испровоциран од вчерашниот говор на Рамила Шеќеринска на Конгресот на СДСМ  во кој таа обидувајќи се да најде пофални зборови за Заев, пред партиското членство рекла дека струмичкиот градоначлник доколку сакал, на минатите избори можел да биде Стевчо, Јакимовски ги отвори картите.

Тој во писмена реакција ја потсети Шеќеринска дека токму Заев бил првиот кој му честитал откако се решил сам да се кандидира. Јакимовски рече дека ја чува СМС пораката и дека може да ја објави доколку Шеќеринска инсистира.

„На 16 февруари 2013 година, примив две пораки. Едната од Бранко Црвенковски, другата од Зоран Заев. За Шеќеринска е многу поинтересна онаа што ми ја напиша Заев и која уште можам да и ја покажам. А таа гласи вака: „Се гордеам што имам таков другар во партија“. Епа сега нека се договорат, ќе се гордеат со мене или ќе се срамат?!“ - рече Јакимовски.

Тој потсети дека токму Заев во екот на отпорот на СДСМ, постојано му се јавувал на Груевски и го молел да издејствува продолжување на рокот за кандидирање на локалните избори за да може Заев да го убеди Црвенковски, бојкотот да престане.

„Патем, јас кај Груевски не се јавував по телефони. Одлучив и отидов на избори. Нека го праша Шеќеринска Заев колку пати се јави кај Груевски да го пролонгира рокот за пријавување на локалните избори. И Заев ќе го направеше истото што и јас, но исто како и Зоран Дамјановски, мислеше  дека без СДСМ ќе ги загуби изборите. Јас не се плашев. Бев решен и излегова на локални избори. Ете затоа Заев не може да биде како Стевче! Тука е во право Шеќеринска.“ - стои во реакцијата на Јакимовски

 

 

12.05.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега