Жителите од Кучково и Орман ќе добијат бесплатни лекарски прегледи
Во селата Кучково и Орман лекарски екипи од Поликлиниката „Ѓорче Петров“ денеска од 8:30 до 10:30 ќе вршат бесплатни прегледи, во рамките на проектот „Рурален доктор“ на Министерството за здравство во соработка со Општина Ѓорче Петров.
Покрај прегледите граѓаните ќе добијат и совети за здравјето, исхраната, како и превенција од болести од страна на стручниот медицински тим.
Целта на проектот е да се обезбеди здравствена грижа и поголема достапност на лекарските служби кадешто нема лекар, а е значајно бидејќи во овие подрачја живее постаро население, кое има потреба од здравствени услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа