Седница во Собранието за инаугурација на претседателот Иванов

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Со давањето свечена изјава пред законодавниот дом, Иванов и формално ќе го почне вториот петгодишен мандат како шеф на државата.

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија е најавена свечена церемонија по повод инаугурацијата на Иванов. На свеченоста, како што најавија од неговиот Кабинет, ќе присуствуваат граѓани, кои по церемонијата, ќе бидат примени од страна на претседателот Иванов.

Ѓорге Иванов, кој беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е повторно избран за шеф на државата на изборите што се одржаа на 13 односно 27 април. Тој на вториот круг од претседателските избори освои 534.910 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски 398.077 гласови.

12.05.2014 - 09:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега