Тоа е СДСМ: Цел ден се караат - одлуките ги носат едногласно

И покрај тоа што цел ден на Конгресот на СДСМ владееше жешка атмосфера во која често се бараше Заев да поднесе оставка, партијата вечерва испраќа соопштение дека одлуките ги донеле едногласно. 

„Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година.

Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ, застана зад оценката за нерегуларни избори и  системски грабеж на изборите од страна на режимската власт на Никола Груевски.

Со вечерашната одлука Конгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта“ - стои во соопштението на СДСМ

Интересно е што пред малку портпаролот на партијата даде изјава дека Конгресот тече во демократска атмосфера, што значи дека имало различни мислења по одредени прашања.

11.05.2014 - 21:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега