Алфите со полни раце работа - привеле 320 лица

 

Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија - Алфа во текот на минатиот месец при вршење редовна мотопатролна дејност легитимирале 946 лица, извршиле преглед на 184 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 320  лица.

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 36 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд 17,  под сомнение за извршено кривично дело 42, по извршено кривично дело 20,  на лице место затекнати во вршење на кривично дело 16, за издржување казна затвор 8, за утврдување идентитет 10, заради поседување недозволени предмети 5 и странски државјани со нерегулиран престој во Република Македонија 13.

МВР информира дека врз основ на нарушување на јавниот ред и мир приведени се вкупно 48 лица, за поседување опојни дроги 57, со патнички моторни воила приведени се 46 лица, а со мотоцикл без документи едно лице.

Алфите асистирале и во 17 случаи при вршење претрес на дом и други простории, извршиле спровод на 7 лица, а 15 предале на сообраќајна патрола. 

11.05.2014 - 13:30
Фото: 
Сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега