Важна вест за матурантите: Утре ќе биде објавен конкурсот за упис во високо образование

Конкурсот за упис на учениците матуранти во високо образование ќе биде објавен утре во печатените медиуми и на интернет страницата на МОН. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

-Информации за критериумите и условите за запишување на студентските програми, за потребните документи, како и за роковите и местото за поднесување на документите по уписни рокови, сите заинтересирани можат да добијат на факултетот каде што сакаат да го продолжат своето образование, односно во конкурсите кои ќе бидат објавени од страна на секој универзитет поединечно, истакна Ристовски.

Инаку, на петте државни универзитети во Р. Македонија предвидени се вкупно 24.196 слободни места за студентите кои ќе се запишаат во прва студиска година, од кои 13.795 за редовни студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 2.870 слободни места за вонредни студенти.

11.05.2014 - 12:38
Фото: 
Факултети.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа