Конгрес на СДСМ

СДСМ денеска ќе го одржи 18. конгрес на кој пред делегатите треба да биде поднесен извештај за претседателските и предвремените парламентарни избори.

Се очекува да се дебатира за одлуката на партијата да не ги признае изборните резултати, за враќањето на освоените 34 пратенички мандати и за барањето за формирање техничка влада.

На конгресот, како што е најавено, треба да се гласа за доверба на актуелното раководство и телата на партијата.

11.05.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега