Иванов утре го почнува вториот претседателски мандат

 

Собранието на Република Македонија утре треба да одржи седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Со давањето свечена изјава пред законодавниот дом, Иванов и формално ќе го почне вториот петгодишен мандат како шеф на државата.

Ѓорге Иванов, кој беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е повторно избран на изборите што се одржаа на 13 односно 27 април. Тој освои 534.910 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски 398.077 гласови.

11.05.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега