СДСМ се предомисли - маднатите не се враќаат?

Не повеќе од 5 минути му се потребни на СДСМ за да ги врати пратеничките мандати. Доколку опозициската партија вистински решила да не учествува во работата на Собранието, се што треба е во понеделник до собраниската архива да ги достави оставките потпишани од секој од избраните пратеници, како и оние кои би дошле по нив на листата со кандидати. 
Експертите по уставно право велат дека Собранието на денешната седница немаше друга можност освен да им ги верификува мандатите бидејќи до пратениците од Државната изборна комисија пристигнал список со 123 пратеници, а за него, гласале и претставниците на СДСМ во ДИК, Рилковски и Виолета Дума. 

-По секој изборен процес кога граѓаните го даваат својот глас за одредени кандидатски листи, тие гласови се сумираат во изборни мандати, односно во мандати. Мандатот доколку нема поднесено никакви приговори и доколку се е во ред во смисла на правната процедура, во тој случај оди на верификација пред верификационта комисија во Собранието каде се случува само потврдување на она што граѓаните на изборите го покажале како своја политичка волја - изјави денеска Татјана Каракамишева, просфесор по уставно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Каракамишева се сомнева дека СДСМ креира сценарио во кое целта не е да се вратат мандатите и да се оди на нови избори, туку да се креира тензична атмосфера во која потоа би се извлекла некаква политичка корист. 

Желба да се создадат правни институти кои не постојат во Уставот на Република Македонија. Таков правен институт кои тие сакаат да го наметнат на македонската јавност е институтот не прифаќање на мандат. Во Уставот и во правната и парламентарната пракса, не само на Република Македонија туку и на останатите европски демократски земји, не постои институт неприфаќање на мандат, постои институт враќање на мандат кој што се поврзува со поднесување на оставка во Собранието лично или во писмена форма или едноставно неприфаќање на сите оние права и должности кои им се дадени во Деловникот со нивно недоаѓање на седници со кое се започнува една нова процедура на одземање на мандатот, истакна Каракамишева-Јовановска.

Во понеделник за кога е закажана и инаугуративната седница на Собранието за Претседателот Ѓорѓе Иванов останува да видиме дали СДСМ вистински има намера да ги врати мандатите или пак сака само да креира политички тензии

10.05.2014 - 20:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега