Украла историски книги за да му купи пушка на сопругот
Чешката полиција по неколку месеци успеа да ја реши загатката со исчезнатите историски книги, стари повеќе од 500 години, украдени од една црква во југоисточниот дел на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Изненадувачки е што е откриено дека сторителот е 36-годишна жена која помагала во црквата и која како што самата изјавила ги украла книгите за да ги продаде и да му купи на својот сопруг автоматска пушка од Втората светска војна.
Кражбата е откриена во моментот кога почнала книгите да ги нуди на интернет што било забележано од еден свештеник.
За кражба на 33 ретки книги меѓу кои и примерок на „Библијата“ од 1489 година, на Чехинката и се заканува осумгодишна затворска казна
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа