Ја победи смртта но одново ќе учи како да јаде, разговара и оди - нови детали за Шумахер
Михаел Шумахер веќе никогаш нема да биде стариот Михаил кој сите го познаваат. Тој ќе мора да учи се од ново.
Извори од болницата каде лежи седумкратниот шампион во Формула 1,кој доживеа страотна несреќа за време на скијањето на француските Алпи, велат дека иако легендата ја победи смртта, ќе мора повторно да учи да оди, да јаде и да ги извршува сите секојдневни активности.
- Тоа е како некој сега за него да запалил светло. Тој ќе се врати во свет кој не го ни познава,велат од болницата и додаваат дека Шумахер ја победи смртта, но му претстои долга и тешка борба. Се враќа во реалност на каква се нема навикнато.
Изворот додава и дека Шумахер никогаш повеќе нема да биде истиот кој сите го познаваат и ќе треба да се навикнува на сосема нова средина за него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа