ВМРО-ДПМНЕ не попушта - ДУИ нема да биде во новата Влада?

 

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се откаже од позицијата Претседател во Собранието. Партиски извори за Алсат М брифирале дека партијата на утрешната конститутивна седница на Собранието за нов спикер повторно ќе го предложи Трајко Вељаноски. 
ДУИ вечерва во Мала Речица заседава во врска сотоа како партијата да се позиционира во прговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Од ДУИ за Алсат изјавиле дека нема да попуштат во својата намера да го добијат спикерското столче во Собранието и да издејтвуваат иземна на Деловникот, односно да се воведе можност, спикерот на Собранието седниците да ги води на албански јазик. 
Од партијата изјавиле дека без овие барања ќе ги прекинат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ не го признава ниту легитимитетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов.
ВМРО-ДПМНЕ на последните избори освои 61 пратенички мандат што му остава широк простор во ситуација ДУИ да се откаже од преговорите да го одбере коалицоиниот партнер. ДПА вее излезе со став дека е подготвена да влезе во Владатасо соите 7 пратеници.

09.05.2014 - 23:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега