Инспекторите ја затворија месарата на Џејми Оливер - на месото му пронашле измет од глувци
Имено британскиот кувар меѓу остантото е сопственик и на месарата „Барбакоа“ која ги снабдува најефтините ресторани во Британија, а која санитарната инспекција мораше да ја затвори. Откако инспекторите се ставиле во акција, отркиле траги од измет од глувци на самото месо, и поради тоа ја затвориле месарата.
Инспекторите затекле и нечисти фрижидери, и кувари, како и повеќе парчиња месо кое не било во предвиденото пакување.
Џејми Оливер набрзо по затворањето и се обрати на јавноста, изјавувајќи дека доброволно ја затвориле месарата и дека работат на подобрување на условите за да можат повторно да ја отворат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа