ФОТО: Ромите од Карпош го одбележаа Ѓурѓовден

Во организација на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при општина Карпош, денеска, жителите на општина Карпош од ромска националност, во традиционален дух го испратија Ѓурѓовден. На  манифестација, која се одржува по третпат, присуствуваше градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На оваа празнична манифестација поканети беа и претставници од невладините организации „Монтесори“ и “Лил“, кои во соработка со Општината, даваат голема поддршка во социјалната едукација и згрижување на децата од овој дел од Карпош.

Од страна на општина Карпош, беа поставени штандови на кои на присутните граѓани им се делеа пакети со храна и пијалоци.

ФОТО: А1 Он

09.05.2014 - 19:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа