Проверете дали во понеделник ќе останете без струја

Дел од корисниците од село Волково, лоцирани на улицата „56“ в понеделник од 9 до 13 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 10 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тиквешка“ во општина Шуто Оризари, а од 8 до 11 часот дел од корисниците од населбата Драчево и од улицата „Ужичка Република“.

Од 9:30 до 14 часот електрична енергија ќе немаат и дел од корисниците од селото Арачиново, од 9 до 15.30 часот корисниците од улицата „4“ во село Бардовци, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „1“ и „2“ во село Грчец, општина Сарај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД. 

09.05.2014 - 19:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега